Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, сподели твит во кој прашува колку долго планира шефицата на СЈО да остане во Истражниот затвор со оглед на тоа што таа, пред да биде притворена, со себе понела само една ќеса.
Дојде само со една ќеса, не планира долго да лежи, коментира новинарот Фуркан Салиу, кој заедно со голем број на колеги денеска го следеа патот на Катица Јанева до истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.