БРИСЕЛ СО ФОКУС НА ПРОШИРУВАЊЕТО, СКОПЈЕ И НАТАМУ ВО ЧЕКАЛНИЦАТА Украина и Молдавија добија нов импулс на европскиот пат, Црна Гора затвора нови поглавја, а Македонија останува без конкретен исчекор кон Брисел.
Црна Гора би можела да ја достигне последната фаза од преговорите за пристапување во ЕУ за време на ирското претседателство со Советот на Европската унија, под услов да продолжи да ги исполнува своите обврски и да ја задржи поддршката од институциите на ЕУ и земјите-членки, ...
Украина и Молдавија ќе ги отворат в понеделник преговорите во Луксембург во првиот преговарачки кластер поврзан со основните права и правдата, а Црна Гора ќе ги затвори преговорите во две поглавја, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека денес е „Мега понеделник за проширувањето на Европската Унија“ и дека на тој ден ги повика земјите-кандидатки за членство да продолжат со темпото на реформите.