Киев негира дека постои каков било договор со Москва и порачува дека прво се потребни безбедносни гаранции од сојузниците. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина нема потпишано никаков договор со Русија за прекин на нападите врз енергетските објекти.
Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Украина да не врши напади врз објекти во Русија поврзани со производството на дизел гориво може само да се поздрави, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска го поздрави вчерашниот апел на американскиот претседател Доналд Трамп, кој побара Украина да ги прекине нападите врз руската дизел инфраструктура, што предизвикуваат недостиг на гориво.
Саудиска Арабија ќе остане без нафта за извоз ако не го обнови работењето на својот главен нафтовод до Црвеното Море во рок од неколку дена, што ќе доведе до губење до четири проценти од глобалната понуда, изјавија за Ројтерс купувачите и трговците со нафта од Саудиска Арабија.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прекине нападите врз руските постројки за производство на дизел гориво, предупредувајќи дека тие дополнително го нарушуваат снабдувањето на глобалниот пазар.
Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ги напаѓаат енергетски те цели. Во објава на со цијалните мрежи , американскиот претседател тврдеше дека растот на цената на дизелот во светот е главно предизвикан од војната по меѓу Русија и Украина.