Бугарската поп-фолк пејачка Галена ја објави новата песна „Чатџипити“, инспирирана од популарниот чет-бот со вештачка интелигенција. Песната беше промовирана со видеоспот на Јутјуб, како и на социјалните мрежи, каде што пејачката се пошегува дека и самата го „прашала Чатџипити“ ...
Ако мислевте дека вештачката интелигенција ќе ни пишува дипломски, ќе ни преведува текстови и ќе ни ја олеснува секојдневната работа, бугарската пејачка Галена реши да ѝ додели уште една важна улога - да стане главна инспирација за нов хит.
Кога станува збор за музика, низ годините се пеат бројни феномени во општеството, а на ред дојде и вештачката интелигенција. Новата песна на бугарската ѕвезда Галена се вика „ChatGPT“, а во видеото дури се појавуваат и хуманоидни роботи.
Звучи како научна фантастика! Песната „Чат џи-пи-ти“ предизвикува огромни реакции на социјалните мрежи, а е спој на поп-фолк музиката и на вештачката интелигенција. Стигнуваат критики од сите страни, најмногу од нејзините огнени обожаватели, кои ги има и кај нас, во Македонија ...