Барањето правосудниот испит во целост да се полага на албански јазик, проследено со најави за нови протести доколку не биде прифатено, отвора многу посериозно прашање од јазикот на кој кандидатите ќе одговараат на испитните прашања.
ПРЕД ДА ГО СМЕНИТЕ ИСПИТОТ, ОБЈАСНЕТЕ ГО СИСТЕМОТ ШТО ГО СОЗДАВАТЕ Државата мора да објасни каде завршува јазичниот избор, а каде започнува заедничкиот институционален стандард. Таа граница мора да биде јасна пред секое следно поместување.