По есенската рамноденица Сонцето секој ден ќе заоѓа сè порано, а ќе изгрева сè подоцна, сè до зимската краткоденица на 21 декември, кога северната хемисфера ќе го има најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината, со што ќе почне зимата.
Есента во земјава и на северната хемисфера ќе почне ноќеска во 02:05 часот по полноќ. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути.
Летото полека се повлекува, утрата стануваат посвежи, светлината се скратува, а домовите повторно стануваат средиште на секојдневието. Но есента не ја менува само природата. Со неа се менуваат нашите навики, ритамот на спиење, храната, расположението, па понекогаш и потребата за ...