Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе игра за 19. место на Европското првенство во Романија, откако вчера беше поразена од Полска со 33-32 по изведување на пеналите (5-4) за противникот.
Македонската младинска ракометна репрезентација до 20 години втор пат се израдува на Европското првенство во Романија. По тешкиот почеток во групната фаза, избраниците на селекторот Игор Илиевски ги консолидираа своите редови на теренот.
Ракометната машка младинска репрезентација денеска забележа убав, висок и пред се заслужен триумф над селекцијата на Турција со конечни 41:24, во рамките од Европското првенство во Романија. Ова за нашите ракоменти надежи беше втора победа на овој турнир, по онаа над Летонија.