TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Европа има гас за зимата, но по која цена? Резервите се ниски, пазарот под притисок

Пари - пред: 11 часа

Зимата сè уште не го покажала своето најстудено лице, а Европа веќе плаќа висока цена за енергетската неизвесност. Природниот гас повторно поскапува, складиштата се значително попразни од вообичаеното, а обезбедувањето дополнителни количества станува сè поскапо.

На Европа ѝ се заканува голема криза: Најлошото сценарио може да погоди милиони

Фактор - пред: 14 часа

Европската Унија влегува во зимата со значително намалени резерви на природен гас, а доколку студеното време потрае и глобалните испораки останат ограничени, континентот би можел да се соочи со недостиг на енергенсот, повисоки сметки и потреба од ограничување на потрошувачката.

Цените на гасот во Европа се на највисоко ниво од крајот на 2022 година, со почетокот на грејната сезона

Независен - 16.10.2026

Во петокот, цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво од крајот на 2022 година, поттикнати од ниските нивоа на залихи во многу земји-членки на ЕУ и падот на температурите на почетокот на грејната сезона.

Германија алармира: Складиштата со гас се полни само 60,4 проценти, се стравува од недостиг во зима

Слободен Печат - 16.10.2026

Германската Федерална агенција за мрежи предупреди дека нивото на наполнетост на складиштата со природен гас е значително пониско отколку во истиот период во претходните години. Според податоците наведени во извештајот, складиштата се исполнети 60,4 проценти, а во последните ...

Европа плаќа 100 милијарди евра повеќе за енергија – граѓаните ја чувствуваат кризата

Трн - 16.10.2026

Енергетските трошоци во Европа повторно растат, а земјите членки на Европската Унија не можат да постигнат договор за заеднички мерки. Сметката од геополитичките конфликти сè повеќе се префрла врз домаќинствата и компаниите.

Цените на гасот во Европа на почетокот на грејната сезона на највисоко ниво од крајот на 2022

Иновативност - пред: 16 часа

Цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво од крајот на 2022 година во петокот, поради слабиот капацитет за складирање во многу земји-членки на ЕУ и падот на температурите на почетокот на грејната сезона.