На големиот христијански и национален празник Илинден, во храмот „Свети Никола“ во Крушево беше отслужена Света Божествена литургија, со која чиноначалствуваше епископот делчевско-каменички Марко, во сослужение со митрополитот Јован.
Во Бигорскиот манастир и годинава беше одржана традиционалната Илинденска доксологија, на која, покрај молитвите за празникот, беше упатена силна порака за мир, единство и благосостојба на Македонија. Со чинот, кој се одржа во храмот „Свети Јован Крстител“, чиноначалствуваше ...
Во присуство на голем број верници, во Лазарополе беше одбележан големиот христијански и национален празник Илинден, со света архиерејска литургија во храмот „Св. Георгиј Победоносец“, со која чиноначалствуваше епископот Антаниски Партениј.
На празникот на светиот пророк Илија – Илинден, кога Македонија го одбележува и Денот на Републиката, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света архиерејска литургија во храмот „Свети Илија“ во скопската населба Аеродром.