Атлетико Мадрид испрати ново предупредување до Барселона во врска со Хулијан Алварез, откако Управниот одбор едногласно ја поддржа одлуката клубот да не преговара со каталонскиот гигант за трансферот на аргентинскиот напаѓач.
Драмата околу Хулијан Алварез добива сè посериозни размери. Шпанските медиуми објавија информации за наводен жесток конфликт меѓу аргентинскиот напаѓач и раководството на Атлетико Мадрид, откако двете страни не успеале да постигнат договор околу неговата иднина.
Хулијан Алварез беше главната цел на Барселона во овој трансфер период, но преговорите со Атлетико Мадрид изгледаат сè потешки. Клубот има заземено цврста позиција, одбивајќи да отвори договор за Аргентинецот не само со Барса, туку и со Реал Мадрид.
Атлетико Мадрид е категоричен дека нема да го продаде Хулијан Алварез на Барселона, и покрај континуираниот интерес на Каталонците за аргентинскиот напаѓач. Ситуацијата околу 26-годишникот ескалираше во последните месеци, а од „Ванда Метрополитано“ сега се категорични: „ Постои ...