Поплавата уништи десетици илијади книги, инвентар, техника , возило на Книжевниот центар Антолог. Се што било создавано со години, сите изданија и оние кои штотуку беа излезени од печат, се уништија неповратно. Нивната приказна ги трогна сите искрени љубители на книгата.
Силното невреме што го зафати Скопје не предизвика штета само на инфраструктурата и домовите. Меѓу погодените е и издавачката куќа „Антолог“, каде што поплавените магацински простории резултираа со уништување на голем број книги, опрема, возило и друг инвентар.
Магацинот на издавачката куќа „Антолог“ беше поплавена во вчерашното невреме, уништени се илјадници книги, возило, целиот инвентар, техниката. Од познатата книжарница сметаат дека невремето ги одзело нивните минато, сегашноста, но и иднината.