TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во кампот за мигранти на север во Грција интервенирала и елитната единица на полицијата за немири од Солун

Рацин - 24.08.2026

Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во привремен сместувачки центар за баратели на азил во Синтики, северна Грција, на неколку километри од границата со Бугарија. Тензијата започна откако мигрантите фрлаа камења кон обезбедувањето.

НЕМИРИ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА: Мигранти ја урнаа оградата и ја нападнаа полицијата - 17 уапсени

Вечер - 23.08.2026

Во судирите меѓу полицијата и мигрантите во прифатниот центар за мигранти на северот од Грција, пет лица се повредени, додека 17 лица се уапсени, објавија властите во недела, како што објави германската агенција ДПА.

Бунт во камп за мигранти во Грција, потрагата по избеганите продолжува

Вечер Прес - 23.08.2026

Триесет и пет мигранти успеаја да избегаат по судирите синоќа во притворниот центар во Синдики, во близина на градот Серес во северна Грција, соопштија грчките власти. Полицијата уапси 17 од бегалците, а потрагата по преостанатите 18 продолжува.

Мигранти се судрија со полицијата и пробија ограда во прифатен центар во Грција

24Инфо - 23.08.2026

Мигрантите се судрија со полицијата во прифатен центар во северна Грција и пробија ограда, а 35 од нив избегаа пред властите повторно да уапсат половина од нив, соопштија денес тамошните власти. Грција е клучна влезна точка за мигрантите на нивниот пат кон Европа, а миграцијата ...

Пет лица повредени, 17 уапсени во судири меѓу мигранти и полиција во Грција

Проверено - 24.08.2026

Пет лица се повредени, а 17 се уапсени во судири меѓу полицијата и мигрантите во прифатниот центар за мигранти на северот од Грција, објавија властите во недела, како што објави агенцијата ДПА. Немири избувнаа во саботата навечер во центар во општина Синтики, во кој се сместени ...

ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Избувнал бунт во кампот, дел од мигрантите успеале да избегаат - еве по колку лица се трага!

ПРВ.мк - 23.08.2026

35 мигранти избегале од притворниот центар во Синдики, во близина на Серес во северна Грција, по сериозните немири што избувнале синоќа. Според грчките власти, полицијата досега уапсила 17 лица, додека по преостанатите 18 продолжува потрагата.