Познато е дека Рихард Вагнер ( 1813-1883) бил фанатичен антисемит, а истото важи и за неговата жена, Козима Вагнер, која по неговата смрт ја продолжува неговата антисемитска пракса во тогашните музички кругови.
Со храброста на Катерина Вагнер да го прекине молкот на татка си и стрико си за поврзаноста на Вагнеровци со старите нацисти, таа, всушност, се спротивстави и на новите нацисти и најави жестока борба против нив.
Последниот викенд од јули започнува Фестивалот во Бајројт, кој оваа година го одбележува својот 150-годишен јубилеј. Како и секоја година, настанот претставува магнет за љубителите на операта од целиот свет и за високи гости, особено од германската политика.