Светскиот ден на бегалците годинава потсетува дека 75 години по усвојувањето на Конвенцијата за бегалци, светот сè уште има обврска да им обезбеди заштита, достоинство и безбедност на сите луѓе принудени да бегаат од војна, конфликт или прогон.
Темата на УНХЦР за оваа година е Додека сите не бидат безбедни. Во време кога правото да се бара азил е под сè поголем притисок во многу делови од светот, оваа тема потсетува на трајната релевантност на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година.
Поводот за одбележувањето на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, го искористи за да ги мобилизира помладите генерации да го препознаат и да го бранат азилот како заедничко глобално добро.