Меѓународниот театарски фестивал Скупифестивал успешно го заокружи своето 20. јубилејно издание, кое од 10 до 17 октомври се одржа во Албанскиот театар во Скопје, со осум театарски продукции од регионот и Европа.
Наградата за најдобра претстава на 20. „Скупифестивал“, што заврши синоќа во Албанскиот театар, ја доби „Тие веќе ги нема“ од Дорунтина Баша, во режија на Андреј Носов. Во претставата што беше изведена синоќа, играа: Мирјана Карановиќ, Светозар Цветковиќ и Албан Укај.
Претставата „Тие веќе ги нема“, според текстот на Дорунтина Баша, во режија на Андреј Носов, ја освои наградата за најдобра претстава на 20. јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупи. Во претставата игра актерката Мирјана Карановиќ, која го доби специјалното ...
Со бурен аплауз и стоечки овации беа поздравени четворицата актери на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија, кој синоќа гостуваше на 20. „Скупи фестивал“ на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Бог на масакрот“.
Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија ќе гостува на 20. „Скупифестивал“ вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Бог на масакрот“. Текстот е од Јасмина Реза, во режија на Антон Угринов.