Јавното претпријатие „Лајка“ бележи зголемување на обемот на работа, повеќе третирани кучиња и раст на бројот на вдомувања, но проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да се реши само со нивно заловување.
За време на ковидот едни раскинаа, други се разведоа, трети се преселија на село, четврти сменија работа или, пак, начин на работа оддома, а петти наједноставно си зедоа куче. „Дома сум цел ден, ми треба друштво, ќе шетаме, ќе ни биде топ.