TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ужас без крај, но сепак: не дека е крај на светот…

+инфо - пред: 20 часа

Уште што друго им треба на шупелкиве за да ја разберат подмолната стапица поставена од бугарија и еу на македонскиот евроинтрегративен пат? Локалнава бугаровидна номенклатура е глупава, но не баш толку за да не умее да го прочита напишаното, црно на бело.

Радев повторно ја вергла истата плоча – овој пат во името на Европа

+инфо - пред: 1 ден

Веќе со години официјална Софија ја злоупотребува својата позиција во Европската Унија за да наметнува билатерални историски, јазични и идентитетски услови кои немаат никаква врска со европското право, ниту со Копенхашките критериуми.

Софија ја поместува рамката: од уставни измени до идентитетски притисок врз Македонија

Паноптикум - пред: 23 часа

Македонско-бугарскиот спор повторно влезе во истата стара соба, само со нов распоред на столиците. Формално, сè уште се зборува за уставни измени, за преговарачка рамка, за човекови права и за европски процес. Суштински, прашањето е многу подлабоко: дали Македонија треба да ...

Од враќање на името до „маратон“ за ЕУ: Хроника на неисполнетите ветувања на Мицкоски

Рацин - 19.06.2026

Ако власта избере замрзнување на важните процеси, ќе се исправи ризикот Македонија да остане заглавена во истиот круг на неизвесност, оддалечувајќи се од европскиот пат и приближувајќи се кон моделот на долготрајна стагнација што веќе може да се види во делови од регионот.

Македонско-бугарски односи: Запалените автомобили и блокадите се плод на години политичко труење

Deutsche Welle - 18.06.2026

Тензиите меѓу Македонија и Бугарија ескалираат, а инцидентите се последица на долгогодишна конфронтација и националистички наративи. Пишува Петар Арсовски Двата во Скопје и најавите за блокади на границата од бугарски невладини организации, и покрај обидите да се претстават како ...

ЕУ БАРА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, МИЦКОСКИ БАРА ГАРАНЦИИ Кој ќе попушти прв?

Национално - 18.06.2026

Македонскиот европски пат повторно се наоѓа меѓу две реалности. Од една страна, Брисел испраќа пораки за реформи, владеење на правото и исполнување на преземените обврски. Од друга страна, домашната политика останува заробена во дебати за предавства, достоинство, гаранции и ...

Македонски парадокс: Иднината ни е извесна, неизвесно ни е минатото

Либертас - 18.06.2026

Денко Малески Не е само уставот во прашање, ќе изјави македонската претседателка по разговорот со бугарската претседателка, давајќи , со доказ од прва рака, поддршка на политиката на премиерот и водач на партијата на македонските националисти.

Брисел бара реформи, Скопје бара гаранции, а времето повторно работи против Македонија

Паноптикум - 18.06.2026

Македонскиот европски пат повторно е фатен во старата стапица: Брисел зборува за реформи, владеење на правото и политички договор, Софија останува дел од преговарачката реалност, а Скопје најчесто одговара со меѓупартиски обвинувања и големи зборови за достоинство, предавство, ...

Идентитетот како алиби за блокада

CivilMedia - 18.06.2026

Говорот на Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, одржан на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, е – да се изразам претпазливо и благо – пример за високо концентрирана политичка манипулација. Во неговиот говор има сè што му е потребно на еден популистички наратив: непријател, ...

Историјата не смее да се потпишува под притисок

Нова Македонија - 18.06.2026

Постојат моменти во историјата на еден народ кога политиката престанува да биде дневна пресметка меѓу партии и станува прашање на историска одговорност. Македонија очигледно се наоѓа токму во таков момент. Долги години македонската јавност беше уверувана дека секоја нова ...

Доста се лажевме: Бугарија никогаш нема да престане да ја уценува Македонија

Нова Македонија - 18.06.2026

Доста веќе се лажевме дека постои некаква последна отстапка по која Бугарија ќе каже: „Еве, сега сте добри, повелете во Европската Унија“. Такво нешто не постои. Со години ни се продаваше приказната дека проблемот е во нас. Дека не сме направиле доволно.

Најопасниот сосед е оној што ти го оспорува правото да постоиш

Паноптикум - 17.06.2026

Да се каже дека Бугарија е „најголем непријател на Македонија“ звучи остро, речиси недипломатски. Ама понекогаш токму острината ја открива вистината што учтивиот речник ја замаглува. Непријател не е секој што има спор со тебе. Непријател не е ни секој што не те сака.

Идентитетот како алиби за блокада

Frontline - 18.06.2026

Мицкоски не го брани идентитетот, туку ја подготвува земјата за долга самоизолација. Немањето решение го продава како доказ за принципиелност. Пишува: Џабир Дерала Говорот на Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, одржан на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, е – да се изразам ...

Идентитетот како алиби за блокада

Нова ТВ - 18.06.2026

Мицкоски не го брани идентитетот, туку ја подготвува земјата за долга самоизолација. Немањето решение го продава како доказ за принципиелност. Џабир Дерала Говорот на Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, одржан на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, е – да се изразам ...