Психолозите со години се обидуваат да откријат што ги поттикнува најнегативните човечки однесувања, а истражувањата покажуваат дека многу луѓе со лоши карактерни особини имаат една заедничка црта , пишува „Вајс“.
Психолозите долго време зборуваат за „мрачната тријада“ што ги вклучува психопатијата, нарцизмот и макијавелизмот како три фундаментални негативни човечки особини. Но, неодамнешните истражувања покажуваат дека приказната е посложена и вклучува садизам, егоизам, злоба и други ...