Денеска, службите задолжени за хигиена расчистија уште една дива депонија на територија на општината. Депонијата беше создадена на ул. „Марк Твен“ наспроти населбата Карпош 4, кај сервисите за миење на возила.
Дивите депонии се проблем со кој службите на Општина Центар секојдневно се соочуваат и редовно ги расчистуваат. Во изминатите два дена се чистеа дивите депонии во околината на НУ Турски театар, а акциите продолжуваат и на други локации во општината.
Денеска, службите задолжени за хигиена расчистија уште една дива депонија – сметлиште на територија на општината. Депонијата беше создадена на ул. „Марк Твен“ во Злокуќани, кај сервисите за миење на возила.