Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се одржат денес во Швајцарија, беа ненадејно откажани. Оваа вест беше потврдена од швајцарското Министерство за надворешни работи, објавува „Гардијан“.
Персоналот и новинарите од САД веќе биле на аеродром, дел од американската делегација пристигнала во Швајцарија, но потоа разговорите закажани со Иран ненадејно пропаднале. Дел од американските медиуми шпекулираат дека неуспехот Трамп ќе му го префрли на својот млад заменик кој ...
Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се одржат денес во Швајцарија, беа ненадејно откажани. Оваа вест беше потврдена од швајцарското Министерство за надворешни работи, објавува „Гардијан“.
Разговорите требаше да започнат во селото Обирген, два дена по потпишувањето на меморандумот за разбирање со кој се отвори 60-дневен прозорец за постигнување траен договор за нуклеарната програма на Иран и се обезбеди нафтен сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Американскиот претседател Доналд Трамп на шега изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе биде виновен доколку пропадне очекуваниот договор меѓу САД и Иран. Одговарајќи на новинарско прашање дали Венс би можел да го потпише договорот наместо него, Трамп рече: „Ми се допаѓа таа ...