Шумските пожари што беснеат во јужна Европа принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, додека стотици пожарникари се борат со пожари што зафатија и уништија речиси 20.000 хектари земја во Португалија, Шпанија, Франција и Грција.
Проверено - Пари - Слободен Печат - Бриф - +инфо
Седум области од јужна Франција се под црвена тревога поради многу висок ризик од шумски пожари, додека 41 области се под портокалова тревога. Пожарот проголтал најмалку 4600 хектари во Травил, и се шири многу брзо, а луѓето од 26 општини им е наредено да се евакуираат.
Во текот на изминатите две недели, Европа се соочи со исклучително силен топлотен бран, кој научниците го опишаа како најлошиот забележан настан на екстремна топлина на овој континент, а кој, според нивните проценки, беше можен само поради климатските промени.
Јужна Европа повторно влезе во огнен појас. Франција, Грција, Шпанија и Португалија се борат со пожари што не се само последица на една искра, еден невнимателен потег или еден ветровит ден. Тие се слика на новото европско лето: жешко, суво, нервозно и сè потешко за управување.
По три дена интензивна борба со огнената стихија, португалските пожарникари успеаја да локализираат околу 80 проценти од големиот шумски пожар што зафати најмалку 13.000 хектари површина. Од португалската цивилна заштита соопштија дека состојбата се подобрува, иако пожарот се ...