Кошаркарите на Бешикташ приредија едно од најголемите изненадувања во Евролигата, откако во драматична завршница славеа на гостувањето кај Виртус Болоња со 103-101, во најефикасниот натпревар од вечерната програма.
Вечерва се одиграа седум меча од 9.коло во Евролигата. Откако победи во вечното дерби протув Ц.Звезда минатата недела, Партизан повторно влезе во “лузерска“ серија. “Црно – белите“ се поразени од Жалгирис во Каунас со 87:80.