Европскиот парламент даде зелено светло за продолжување на преговорите за воведување на дигиталното евро, стабилна дигитална валута со која Европската централна банка сака да го зајакне монетарниот суверенитет на Европа и да им понуди на граѓаните безбедна алтернатива за плаќање.
Европскиот парламент на 9 јули гласаше за започнување разговори со Советот на ЕУ за предлогот за дигитално евро, кој ќе им понуди на граѓаните безбеден начин да ја намалат зависноста од даватели на услуги надвор од ЕУ.
Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното ...