Производителите од Струмичко продолжуваат со блокадата и бараат повисока откупна цена за првата класа ајварка. Тие велат дека сегашните услови не ги покриваат трошоците за производство и бараат конкретно решение од институциите и откупувачите.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Струмица одржа одделни средби со регистрирани откупувачи и со производители на пиперка, на кои се разговараше за тековниот откуп и предизвиците со кои се соочуваат двете страни.
Ако лани земјоделците за 1.000 килограми предадена пиперка земале 45.000 денари, годинава за истата количина ќе земат 25.000 денари, што е над 40 проценти помалку Големо незадоволство изразија земјоделците од Струмичкиот регион поради ниската откупна цена на црвената пиперка – ...