Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери јачината и правецот на ветерот и однапред си се наведнува. Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва. Што би рекол народот: Трета генерација исправен 'рбет не памети, објави генералниот секретар ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон политичките противници, наведувајќи дека никого не именувал, но дека „сами се препознале како талогот“.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, упати остри критики на адреса на СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека со години ја менува својата политика во зависност од политичките околности и надворешните влијанија.