Барселона ја активираше потрагата по централен дефанзивец, а Јошко Гвардиол од Манчестер Сити, Алесандро Бастони од Интер, Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед и Натан од Бетис се издвоија како потенцијални засилувања, објавува Мундо Депортиво.

По поразите од ПСЖ и Реал Мадрид, во каталонскиот клуб процениле дека засилувањето на одбраната треба да биде еден од приоритетите во следниот преоден рок. Прва желба е хрватскиот репрезентативец Гвардиол, но неговиот трансфер од Манчестер Сити е малку веројатен.
Барселона се враќа во трката за Алесандро Бастони. Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб може повторно да го проба трансферот на дефанзивецот на Интер уште во јануарскиот преоден рок, откако минатогодишниот обид не беше успешен.