Претставници на Централниот кризен штаб наздравија со вода од оваа чешма за да им покажат на гостиварчани дека водата е безбедна за пиење. Но, колку навистина ѝ веруваат? Денеска спроведовме анкета во Гостивар, а граѓаните ни велат дека сè уште се плашат да пијат вода од чешма, ...
Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека водата од Градскиот водовод во Гостивар повторно е безбедна за пиење и може да се користи без ограничувања. Одлуката е донесена откако во три последователни примероци не биле пронајдени бактерии.
– Домаќинско работење во иднина, а истрагата да ја провери вината со проблемите со водоснабдувањето во Гостивар, побара денеска Стојанче Ангелов во одговорот на новинарско прашање околу исходот и крајот на кризата со водоснабдувањето и епидемијата во Гостивар.
Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи.
360 степени - Кајгана - Во Центар - Нова ТВ