Бројот на загинати во саудиските воздушни напади врз Јемен се зголеми на 33, додека 39 лица се повредени, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници Хути. Првичните информации говореа за најмалку 22 загинати и 30 повредени.
Во нападот врз селото ал-Шарија, во близина на главниот град Сана, повредени се уште 36 лица. Хутите ја обвинуваат Саудиска Арабија, додека обновените судири ја зголемуваат опасноста од нова ескалација на долгогодишната војна.
Најмалку 27 лица загинаа, а уште 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото ал-Шарија, во близина на главниот град на Јемен, Сана. Според соопштението на портпаролот на Министерството за здравство, кое е под контрола на Хутите, повеќето од загинатите се жени и деца, ...
Во петокот, воздушни напади погодија пазар во југозападен Јемен, при што загинаа најмалку 30 лица, според претставник на бунтовничката група Хути, која е поддржана од Иран. Ова е еден од најсмртоносните напади од повторното разгорување на конфликтот меѓу Хутите и владините сили ...