Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ го започнува настапот во новата сезона од Лигата на шампионите, а прв противник ќе биде Интер. Во центарот на вниманието ќе биде Жозе Мурињо, кој за првпат како тренер на Реал во новата ера ќе се соочи против клубот со кој во 2010 година ...
И покрај тоа што се појави на утринскиот тренинг на „нероаѕурите“ со видлива преврска на левото колено, настапот на дефанзивецот Федерико Димарко на претстојниот дуел од Лигата на шампионите против Реал Мадрид останува неизвесен.
Новата сезона на Лигата на шампионите започнува во време кое се чини дека никогаш не било полошо за големите клубови! Тимовите кои обезбедија најмногу играчи на Светското првенство сè уште не можат да се „соберат“ и ќе биде интересно да се види што ќе ни донесе првото коло.