Денес, 5 август 2026 година, е 1.624 ден од целосната руска инвазија врз Украина. Земјата повторно се разбуди со вести за загинати, повредени, големи пожари и уништена цивилна инфраструктура, по нов масовен руски напад врз Кијив и Кијивската област.
Најмалку 15 лица се убиени, а 42 други се повредени во бран руски напади со ракети и беспилотни летала врз Киев и областите околу украинскиот главен град, објави „Телеграф“. Нападите, извршени ноќе, предизвикаа обемни пожари и штети на згради, магацини за храна, логистички ...
Во нов бран воздушни напади загинаа најмалку десет лица во Русија и Украина, додека Турција предупреди дека ескалацијата во Црното Море може да ја загрози безбедноста на цивилната пловидба и глобалното снабдување со храна.
Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија.