Облак од чад создаден од големиот пожар во индустриската зона Ореокастро кај Солун, носен од силниот ветер, се прошири низ Грција и стигна до западните делови на Атика и Коринтија на Пелопонез. Најголемите концентрации на чад и штетни честички биле регистрирани над Солун и ...
Силниот ветер и екстремно високите температури веќе трет ден по ред ја држат Грција во највисок степен на опасност од пожари. Само во текот на денешниот ден регистрирани се дури 60 нови жаришта ширум земјата, а ситуацијата е алармантна на повеќе критични точки.
Грчките власти распоредија дополнителни противпожарни сили за гаснење на шумски пожар што избувна во близина на селото Инои, во општината Мандра-Идилија, во западна Атика, додека жителите се повикани да бидат во состојба на готовност.
Големиот шумски пожар што избувна синоќа околу 20:30 часот во планинската област кај Ореокастро, предградие на Солун, во голема мера е локализиран и повеќе нема активен фронт, информираат од грчката противпожарна служба.
Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола.