Иранската војска во саботата објави дека Ормускиот теснец е повторно затворен поради израелските напади врз Хезболах во Либан, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на иранските државни медиуми, во пресрет на деталните разговори за долгорочен мировен договор.
Иранската делегација протестирала до американските претставници за заканите кон Иран што денеска ги упати претседателот Доналд Трамп. Заврши првата рунда разговори меѓу Иран и САД во Швајцарија, изјави извор близок до преговарачкиот тим.
Продолжуваат разговорите на техничко ниво меѓу Иран и САД во Биргеншток, Швајцарија, со посредство на Пакистан и Катар. Техеран вели дека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток ќе биде запрено доколку САД не ги исполнат сите услови од меморандумот потпишан минатата недела.
Техничките разговори за спроведување на договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе се одржат утре во Швајцарија, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи. Според соопштението, средбите ќе се одржат во Бургеншток, а во нив, покрај американските и ...