Пожарот што неколку дена беснееше на планината Жеден и навлезе во подрачјето над скопското село Бојане е ставен под целосна контрола, а според проценките на пожарникарите, околу 90 отсто од огнената стихија е изгасната.
Командирот на ТППЕ Тетово упати апел до граѓаните деновиве да пазат на сè што гледаат дека е запалено и да се јавуваат за противпожарните единици да бидат побрзи и за да не настане поголем проблем. Првиот човек на ДЗС ги пофали пожарникарите за огромната работа која ја завршиле, ...
Тетовските пожарникари спасија шума и лозја над селото Бојане по деноноќна интервенција на тешко пристапен терен. Пожарот на планината Жеден, кој со денови беше активен и се префрли кон атарот на селото Бојане од скопска страна, денеска е ставен под целосна контрола.
Пожарот што изминатите денови гореше на подрачјето над скопското село Бојане е ставен под контрола, но пожарникарите и понатаму остануваат на терен поради опасноста од повторно активирање на жариштата. Во гаснењето беа вклучени екипи од Скопје и Тетово, откако огнот се прошири ...
Пожарот кој неколку дена гореше на планината Жеден меѓу Скопје и Тетово е целосно под контрола, а според проценките, тој е околу 90 отсто изгаснат. Цел ден, во пеколни услови и на речиси 40 степени во сенка, со овој пожар се бореа пожарникарите од Тетово.