Длабока мозочна стимулација – нов третман за пациентите со Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Македонското здравство се подготвува оваа процедура да се воведе и кај нас.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.
Можностите за воведување современи терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест во земјава ќе бидат во фокусот на денешната панел-дискусија „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.