Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска порача дека Илинден е ден за потсетување на борбата на повеќе генерации за создавање самостојна македонска држава, нагласувајќи дека постои долг кон историската вистина и кон асномската генерација која, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Македонија го одбележува 2 Август – националниот празник Илинден, во чест на двата клучни историски настани што ги поставија темелите на македонската државност – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
„Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Скопје порача дека партизаните и асномнците го вградиле антифашизмот како трајна македонска определба. Вели дека слободата не беше подарена, туку сами се ослободивме.
Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска ...
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката: Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и ...