Народниот правобранител предупредува на сериозни слабости во здравствената заштита во затворите, посочувајќи дека условите не се еднакви и не се доследни во сите установи. Проблем претставува недоволната дигитална поврзаност, како и водењето хартиени картони.
Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира тематска дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во земјава.
Недостигот од медицински персонал, долгото чекање за специјалистички прегледи, прекините во терапијата и слабата превентивна здравствена заштита се дел од главните проблеми во казнено-поправните установи во земјава.