Европската куќа на фудбалот ги свикува сите 55 членки по соопштението дека ФИФА планира да продаде до 20 проценти од новото претпријатие. УЕФА планира да одржи итен виртуелен состанок со сите 55 земји членки оваа недела, известуваат BBC и ESPN.
Планот на ФИФА да продава удели од своите натпреварувања, меѓу кои и Светското првенство, на приватни инвеститори предизвика силни реакции низ фудбалската јавност. Откако првично информацијата ја објави „Тајмс“, а УЕФА жестоко ја осуди, светската куќа на фудбалот подоцна потврди ...
ФИФА има намера да формира подружница вредна 20 милијарди долари и да продаде повеќе од 20 проценти од новата компанија „FIFA Forward Enterprise“, со цел да обезбеди 4,2 милијарди долари од надворешни инвеститори.
Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели во Светското првенство на приватни инвеститори.