Ракометниот првак Вардар во своите витрини синоќа донесе уште еден трофеј. По петти пат, Црвено-црните се радуваа на пехарот во Суперкупот на Македонија, со кој веќе традиционално се најавува стартот на новата сезона. Во драматично финале, Вардар со 32:31 го победи Охрид.
Иван Чупиќ освои нов пехар како тренер на Вардар, овој пат заедно со неговите момци се победници на Супер-купот. „Црвено-црните“ славеа против ГРК Охрид со 32-31 во меч со голем број пресврти. После мечот тренерот на актуелниот македонски првак остана без глас, едноставно едвај ...