Кога тој е на теренот, Тиквеш делува како сосема друг тим. Многу посилен во офанзивата. Н’фанли Сила влезе на почетокот на второто полувреме и за петнаесетина минути веќе постигна два гола и го реши натпреварот против Башкими.
На Тиквеш тешко му одеше дома со Башкими, во првото полувреме не успеваше никако да дојде во водство, ама тренерот Оливер Богатинов не искажуваше нервоза. Добро знаеше дека на клупата го има Н ` фанли Сила за секој случај, не само најдобриот стрелец сезонава во ПМФЛ туку ...