Единствениот денешен меч од ПМФЛ програмата се игра во Куманово, каде што домаќинот Башкими го пречекува актуелниот бранител на титулата тимот на Вардар. На полувреме со многу пожртвувана, борбена, и паметна игра, тимот на Башкими води со 2:1.
По двете врзани победи (2-1 против Скопје и убедливите 5-0 против Коњари во Купот), во таборот на Башкими владее вистинска еуфорија и оптимизам пред дуелот со актуелниот шампион Вардар. Кумановци минатата недела го победија Скопје на гости, за прв триумф сезонава, а дека кризата ...
Вардар е голем фаворит за триумф против последнопласираниот Башкими, но тоа треба да го покаже и на теренот. Не е лесно да се игра на Градскиот стадион во Куманово, а домаќините сигурно ќе имаат огромни мотиви да го сопрат актуелниот шампион.