Новата лабораториска опрема е вредна 671.000 евра, а околу 250.000 евра се вложени во нов прогностичко-синоптички центар. Мицкоски оцени дека следниот предизвик е да се обезбедат стручни луѓе кои ќе работат со новата опрема.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – најави владината прес-служба. При посетата на УХМР предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.лв/бк/