TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СТОТИЦИ ЖИТЕЛИ ЗАМИНАА, СТОТИЦИ ОДЛУЧИЛЕ ДА ОСТАНАТ ВО ОКУПИРАНИОТ УКРАИНСКИ ГРАД ОЛЕШКИ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ ДОГОВОРЕН ОД МЕЛАНИЈА ТРАМП

Сакам да кажам - 31.10.2026

Стотици жители се евакуирани од разурнатиот украински град Олешки окупиран од Русија, соопштија руските и украинските власти, по хуманитарниот прекин на огнот постигнат со посредство на првата дама на САД, Меланија Трамп.

По примирјето што го издејствува Меланија Трамп: Одбрани американски новинари и инфлуенсери ќе влезат во Олешки, за да се претстави Путин како хуманитарец

Вечер Прес - 30.10.2026

Олешки ќе стане сцена на пропагандна турнеја за претставници на медиумите, кои ќе се движат низ градот во придружба на руската армија. Што и да дознаат тие новинари за животот во Олешки, речиси е сигурно дека нема да биде вистинската слика за реалноста, пишува „Атлантик“ На ...

Во недела се враќа војната? – 25 автобуси го напуштија Олешки

Трн - 30.10.2026

Само пет километри ги делат жителите на окупираниот украински град Олешки од територијата под контрола на Киев. Но за да стигнат таму, мора да поминат повеќе од 1.600 километри, преку Крим, Русија и Белорусија.

Заврши евакуацијата во украинскиот град Олешки

Либертас - 30.10.2026

Операцијата за помош и евакуација во градот Олешки, окупиран од Русија, на јужниот украински фронт, во која посредуваа САД, во најголем дел заврши, изјави денеска комесарката за човекови права на Русија, Јана Лантратова.

Успешно завршена акција: Од Олешки се евакуирани 750 луѓе , жителите се упатени кон Русија и Украина – помош за оние што остануваат

Вечер Прес - 30.10.2026

И руската и украинската страна потврдија дека мисијата завршила без инциденти; за евакуацијата биле користени автобуси и возила на брза помош. Хуманитарна мисија во градот Олешки, во регионот Керсон, заврши со евакуација на 750 жители кои сакале да заминат; овие лица се упатени ...

Хуманитарниот конвој тргна од Олешки: 527 лица се упатија кон територијата под украинска контрола

Проверено - 30.10.2026

По постигнатиот прекин на огнот во градот Олешки на линијата на фронтот во јужна Украина, кој е под контрола на руските сили, попладнево 527 локални жители со конвој автобуси се упатија кон територијата под украинска контрола.

РУСИ И УКРАИНЦИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР! Еве колку жители го напуштија градот, во хуманитарната мисија - но ќе ве изненади кој им помогна!

ПРВ.мк - 31.10.2026

Хуманитарната операција во градот Олешки, кој се наоѓа во дел од Херсонската област под контрола на руските сили, завршила со евакуација на вкупно 750 жители. Информацијата ја соопшти руската комесарка за човекови права Јана Лантратова, наведувајќи дека евакуираните лица биле ...

📽️ ЕВАКУАЦИЈАТА ОД ОЛЕШКИ ПРИВЕДЕНА КОН КРАЈ Ретка соработка меѓу Русија и Укаина, 25 автобуси ги земаа жителите од окупираниот град

+инфо - 30.10.2026

Со 25 автобуси и девет амбулантни возила се спроведуваше евакуацијата на жителите од градот во Херсонската област. На оние што остануваат им е обезбедена хуманитарна помош, а примирјето треба да трае до недела навечер.