По повеќе од една деценија, САД ја завршија воената мисија во Ирак, откако американските сили ги напуштија преостанатите бази во земјата. Со тоа формално заврши и операцијата „Непоколеблива одлучност“ против Исламската држава.
Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи.
Американските сили до среда треба да ги напуштат последните бази во Ирак, што Иран и неговите сојузници го слават како победа. Со повлекувањето, Иран и неговите сојузници добиваат уште поголем простор за влијание во земјата каде што во повеќе од две децении војна загинаа 4.500 ...