„Украински железници“ објавија нови детали за нападот врз локомотива во Јаходин, во близина на полската граница. Кратко пред нападот, на станицата престојувал специјален воз со европски политичари, додека во моментот на самиот удар таму се наоѓал друг воз – во кој се возел ...
Руско беспилотно летало во неделата удри во локомотивата на патнички воз, на два километри од полската граница, соопшти украинскиот државен железнички оператор „Укрзализница“ (Украински железници). Според извештаите, нападот се случил во украинскиот регион Волин.
По руските напади врз возот од Киев за Варшава и врз украинскиот граничен регион со Полска, полската влада денеска ја обвини Москва за ескалација на конфликтот. „Путин ескалира“, напиша министерот за надворешни работи Радослав Сикорски на Х.