Рафиња не се најде меѓу 30-мината номинирани за „Златната топка“ во 2026-та година, но наместо да се фрустрира и да се онерасположува, овој факт дополнително го мотивираше Бразилецот да игра во неверојатна форма на стартот на сезона.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја коментираше победата на својот тим од 1-3 на гостувањето кај Севилја во седмото коло од Ла Лига. Бразилската ѕвезда Рафиња постигна хет-трик, а германскиот стратег упати посебни пофалби за неговата игра.
Барселона успешно го реши и седмиот предизвик во оваа сезона во шпанската Примера, а тоа беше секогаш незгодното гостување кај Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“. Актуелниот шампион за разлика од претходните натпревари наиде на незгоден противник, ривал кој им направи проблеми ...