Непрописно и лудо се возат електични тротинети, од страна на малолетници, реагираат граѓаните. Многу често и по две деца качени на тротинет, без соодветни заштитни кациги, „летаат“ низ булеварите меѓу густиот сообраќај во Скопје.
Ќе се регулира ли конечно управувањето со електрични тротинети? Полициските билтени се почесто се полни со сообраќајни незгоди во кои учесници се возачи на тротинети. Министерот за внатрешни работи најавува регулација во оваа сфера преку законски измени и построги казни.
МВР најавува измени во Законот за безбедност во сообраќајот – се планира построга регулатива, повисока старосна граница и заострени казни за користење електрични тротинети, особено кај младите. Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени со кои ќе се регулира ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се предвидува заострување на казнената политика и регулативата за користење електрични тротинети, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.