Дваесет години по воведувањето на повеќестолбниот пензиски систем, во јавноста повторно се отвора прашањето дали вториот задолжителен пензиски столб ги оправдал очекувањата и дали неговото евентуално укинување би ја подобрило одржливоста на системот. Прашањето е легитимно.
Прво добрата вест: македонскиот пензиски систем веројатно нема да ги остави идните пензионери сосема без пензии. Лошата вест е дека постои реална опасност тие пензии да бидат значително пониски од она што денес им се ветува.