Претстојниот викенд (сабота и недела), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи Европскиот јуниорски куп во џудо, еден од најзначајните меѓународни натпревари за џудисти до 21 година во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ) и Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ).
Македонија на Европскиот јуниорски џудо куп викендов во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“, ќе настапи со 15 натпревраувачи – 10 во машка и 5 во женска конкуренција. Боите на Македонија ќе ги бранат: Мажи Сергеј Димитријоски (до 60 кг) Зоран Колевски (до 66 кг) Игнат Петров (до 66 ...