Опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка со огнот. Пожарот сега е активен кон Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Пожарникарите се сомневаат дека повеќето жаришта во регионот биле намерно предизвикани.
Опасноста за првите куќи била надмината, но пожарот не запира. Огнената линија е долга со километри, а со паѓањето на мракот веќе не може да се дејствува од воздух. Сè уште е критично кај битолско Лознани, во Општина Могила.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа.
Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани, во Могила, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.