TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МАСКИТЕ СТАНУВААТ НОВО ЛИЦЕ НА АНТИМИГРАНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ Во Британија и Холандија се појавуваат организирани групи во црно

+инфо - пред: 6 часа

Црната качулка (се нарекува ј балаклава) го штити демонстрантот од полициско идентификување доколку протестот премине во прекршување на законот, но го штити и од препознавање од работодавци, соседи или од семејството.

(Видео) Маскирани мажи во црно го парализираа сообраќајот во Довер: Бараат стоп за мигрантите со чамци

Скопје1 - 05.09.2026

Стотици маскирани мажи облечени во црно во саботата ги блокираа сообраќајниците во Довер, протестирајќи против пристигнувањето мигранти со мали чамци преку Ламанш. Блокадата предизвика сериозен сообраќаен метеж околу едно од најважните британски пристаништа за траектен сообраќај.

Стотина маскирани лица го блокираа пристаниште во британскиот град Довер

Проверено - 05.09.2026

Околу сто маскирани лица денеска неколку часа ги блокираа влезовите и излезите од пристаништето во британскиот град Довер, соопшти локалната полиција. Според британските медиуми, станува збор за протест во рамки на кампањата „Стоп за чамците“, чија цел е целосно запирање на ...

Маскирани мажи во црно го блокираа пристаништето во Довер поради мигрантите

Трн - 05.09.2026

Британското пристаниште со часови е парализирано откако групи со фантомки ги запреа патиштата барајќи крај на премините преку Ламанш. Стотици маскирани лица облечени во црно денеска ги блокираа главните сообраќајници кон англискиот град Довер, предизвикувајќи колони долги над ...

📽️ „СТОПИРАЈТЕ ГИ ЧАМЦИТЕ“ ОДЕКНУВАШЕ ВО ДОВЕР Маскирани демонстранти ги блокираа патиштата кон пристаништето

+инфо - 05.09.2026

Околу 300 маскирани демонстранти ги блокираа пристапните патишта до пристаништето во Довер, а колоните достигнаа околу 6,5 километри. Маскирани антимигрантски демонстранти денеска го блокираа сообраќајот кон и од пристаништето во Довер, предизвикувајќи сериозни проблеми за ...

Стотици маскирани демонстранти го блокираа Довер, редици долги повеќе од шест километри

Проверено - 06.09.2026

Стотици маскирани мажи облечени во црно ги блокираа патиштата во Довер во саботата во знак на протест против пристигнувањето на мигрантите во мали чамци преку Ламанш, со што сообраќајот до едно од најважните британски фериботски пристаништа речиси беше запрен.

Mаскирани демонстранти против имиграцијата ги блокираа патиштата кон пристаништето Довер

iNFOMAX - 06.09.2026

Британската влада ги осуди блокадите на пристаништето Довер Британската влада остро реагираше откако маскирани демонстранти против имиграцијата ги блокираа патиштата кон пристаништето Довер, предизвикувајќи повеќечасовен сообраќаен метеж и привремено нарушување на работата на ...